0_Македонија.ПорталДописници МКДКултураКултура.Портал

Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци во Крушево

Од 10 до 12 мај Крушево ќе биде домаќин на Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци во организација на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје, со поддршка на Град Скопје и програмата за култура за 2019 година на Град Скопје.

Крушево, 16 април 2019 (МИА) – Од 10 до 12 мај Крушево ќе биде домаќин на Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци во организација на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје, со поддршка на Град Скопје и програмата за култура за 2019 година на Град Скопје.

Преку две работилници, учесниците ќе дебатираат на тема „Насоки за дигитализација на културното наследство во библиотеките“. На Конференцијата ќе учествуваат претставници од градската библиотека од Белград, Србија, сертифицирани обучувачи од Интернет сојузот на Србија, од градската библиотека на Софија, Бугарија, и гости од Хамбург, Германија.

При престојот, гостите и учесниците на Меѓународната конференција ќе посетат историски и културни места во Крушево за да се запознаат со историјата и традицијата на градот. ем/вг/

Back to top button
Close