0_Спорт.ПорталФудбал

Мбапе со изненадувачки одговор на прашањето „Меси или Роналдо?“

Францускиот репрезентативец сепак сам откри дека се уште не е на нивото на двете суперѕвезди. Тој доби прашање од „Франс Фудбал“ кој од двајцата би избрал да игра со него рамо до рамо на теренот.

Париз, 17 април 2019 (МИА) – Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе се претставува одлично како во Лига 1, така и во Лигата на шампионите и покрај фактот дека има само 20 години. Тој беше контактиран да одговори на вечното прашање – Лионел Меси или Кристијано Роналдо, иако се претставува подобро и од двајцата во турнирот на богатите на оваа возраст.

Кога имаа по 20 години, Меси и Роналдо се уште беа далеку од своите најсилни години. Португалецот се уште немаше гол и „Ла Пулга“ реализираше само два погодока за Барселона.

Францускиот репрезентативец сепак сам откри дека се уште не е на нивото на двете суперѕвезди. Тој доби прашање од „Франс Фудбал“ кој од двајцата би избрал да игра со него рамо до рамо на теренот.

– Ако имав можност да изберам со кој од Меси и Роналдо да играм на теренот, би избрал да ги пуштам нив двајцата, а јас да седнам на клупата. Така ќе сум сигурен дека ќе победиме, изјави Килијан Мбапе.вз

Таг
Back to top button
Close