0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталАнализаВидео изјаваПолитика

Кржаловски за МИА: Малата излезност јасна порака до сите партии

Важна порака од овие избори е малата излезност, тоа е повеќе неочекувано од самиот резултат, што го прави неизвесен и цензусот во вториот круг од претседателските избори. Малата излезност е казна за сите политички партии, порака дека нешто треба да сменат во своите перформански, но сепак изборите минаа мирно што е за голема пофалба, бидејќи тоа беше еден од критериумите за почеток на преговори со Европската унија.

Скопје, 22 април 2019 (МИА) – Важна порака од овие избори е малата излезност, тоа е повеќе неочекувано од самиот резултат, што го прави неизвесен и цензусот во вториот круг од претседателските избори. Малата излезност е казна за сите политички партии, порака дека нешто треба да сменат во своите перформанси, но сепак изборите минаа мирно што е за голема пофалба, бидејќи тоа беше еден од критериумите за почеток на преговори со Европската унија.

Ова за МИА денеска го изјави аналитирачот и директор на МЦМС, Александар Кржаловски, кој даде генерална оценка за првиот круг од претседателските избори, но и говореше за тесната разлика од 4.600 гласови меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, во корист за кандидатот, поддржан од СДСМ и коалицијата.

-Најпрво да пофалам дека изборниот ден мина мирно и тоа не треба да го заборавиме, бидејќи тоа е еден од критериумите за почеток на преговорите со ЕУ, се надевам дека и вториот ќе помине така, иако многу не верувам. Важна порака од овие избори е малата излезност, тоа е повеќе неочекувано отколку самиот резултат бидејќи со анкетите тешко е да се прогнозира излезноста. Сепак излезноста беше под сите очекувања и тоа е првата и веројатно главната порака дека всушност сите партии на некој начин се казнети со овој резултат и треба да се замислат наместо сите да прогласуваат победа, да се замислат каде отидоа сите тие гласови од претходните избори, зошто луѓето не излегоа на гласање, истакна Кржаловски.

Самиот резултат во однос на тесната разлика меѓу Пендаровски и Силјановска Давкова не е многу неочекувана, бидејќи анкетите, направени непосредно пред првиот круг прогнозирале разлика од два до три отсто, во корист на Пендаровски.

Потсети дека правата анкета што ја изработил МЦМС беше 2,6 отсто, но додаде дека тука треба да се земат предвид и статистичките грешки.

-Сепак се очекуваше поубедлива предност за Пендаровски од десет илјади, 20 илјади, 30 илјади гласови од она што произлезе на крајот, вели Кржаловски.

Во врска со малата излезност нагласи дека можеби граѓаните на некој начин се уморни од избори, но сепак смета дека таа се должи за разочараноста од перформансите на партиите, политичките елити.

-Овој резултат е казна и за ВМРО-ДПМНЕ и за ДУИ и за СДСМ и разочараност од сето она што се случуваше во последните неколку години. И тие гласови што недостигаат се некаков протест или порака  дека нема што да гласаме во ваква ситуација. Се очекуваа промени. Пред тоа знаеме како беше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во последните години, едноставно секој од различни причини се однесувал некако на изборниот ден – лоши резултати на Владата, амнестијата, непочитувањето на референдумот секој си наоѓа причина за да не излезе и на тој начин да изрази протестен глас, но сепак изборите се нешто на кое што кажуваме што сакаме, а не што не сакаме. На една страна прочитав изутринава каде ви се тие 600 илјади гласови од референдумот, дека ова гласање ги потврдило резултатите од референдумот, односно несогласувањето со Преспанскиот договор, но од друга страна друг прашува а каде се 1,2 милиони што тогаш не излегоа на референдумот и сега повторно ги нема на контото на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Кржаловски.

Во првиот круг поради малата излезност, вели тој, изгледа дека овој пат ДУИ одела на картата на тивок бојкот, односно се стремела да има што помалку гласачи Албанци, вклучително и свои поддржувачи, токму од страв својот глас да не го дадат за Блерим Река.

-И во нашата прва анкета дури 60 отсто од симпатизерите на ДУИ изјавуваа дека во првиот круг ќе гласаат за Блерим Река, а во вториот за Пендаровски. ДУИ сакаше некако да ја намали оваа опција поголем дел од нивните гласови да не завршат кај Блерим Река што ќе доведеше до уривање на легитимитетот на ДУИ. На некој начин ова е превенирано бидејќи се задржа во рамките на 80 илјади колку што се предвидуваше дека може да постигне Блерим Река, што во ваква ситуација е сепак релативно голем успех. Дополнително и тоа што во цела Македонија во сите општини и во источните Река има по некој глас, некаде има по 200, 300 гласови, што е  добар елемент во оваа изборна трка. На некој начин се надминуваат етничките стереотипи и граници, но далеку сме од гласање за граѓански концепт и за надпартиски кандидат, нагласи Кржаловски.

Вели оние што гласале за Река се граѓани, со свои права и оти не може да се прогнозира каде ќе отидат нивните гласови во вториот круг.

-Двајцата кандидати побрзаа да ги бараат и да ги присвојат гласовите на албанскиот електорат, но како што вика поговорката сметката дома и на пазар не излегува иста. Мислам дека така ќе биде и во вториот круг, а мислам и дека барем двајца од лидерите рекоа дека никој гласовите ги нема в џеб, за да ги нуди на некој друг за разно разни пазарење. На крајот граѓаните ќе си одлучат, нагласи Кржаловски.

Сепак, додава тој, индикативно ќе биде и она што официјално ќе го соопштат Алијансата за Албанците и Беса, но напоменува дека најверојатно ќе дадат препорака секој да гласа по своја волја или пак можеби воопшто да не гласаат.

-Иако јас очекував тоа сигурно да го бараат ако имаат над 100 илјади гласови. Оваа бројка всушност не претставува делегитимирање на ДУИ. Сепак може да повикаат дури и на активен бојкот, дури и да не повикаат можат тивко да го права тоа во заднина, да препорачуваат воопшто овие гласачи да не гласаат. Ќе биде интересно, ќе се прават уште анкети, но веројатно тие гласови ќе бидат пресудни во вториот круг, додава тој.

Во вториот круг очекува пожестока кампања, самиот резултат налага многу поголема мобилизација на самите партии. Смета дека резултатот од првиот круг ќе мобилизира повеќе луѓе да излезат во вториот круг и тоа е аргумент дека е можно да се постигне цензус од 40 отсто, иако вообичаено во вториот круг излезноста е помала од првиот круг.

Ана Цветковска

 

Back to top button
Close