Дописници МКДОпштински вести

Изложба на стари фотографии од Курт Хилшер во Гевгелија

Стари фотографии од традиционални средини и носии карактеристични за делови од Балканот, од авторот Курт Хилшер, беа изложени синоќа во Гевгелија, во организација на Домот на културата.

Гевгелија,17 април 2019 (МИА) – Стари фотографии од традиционални средини и носии карактеристични за делови од Балканот, од авторот Курт Хилшер, беа изложени синоќа во Гевгелија, во организација на Домот на културата.

Во средината на дваесеттите години од минатиов век германскиот фотограф патувал низ просторите на некогашна Југославија со цел да прави книга со фотографии на пејсажи, држави и народи.

-На својот пат од словенските Алпи до границата со Бугарија авторот направил вкупно 1.200 фотографии од кои одбрал 191 и објаснил дека со нив се обидел да претстави атрактивни пејсажи, архитектура и начин на живеење на тогашните жители на споменатите простори, рече во своето обраќањеВесна Ристова, раководител на Домот на културата во Гевгелија.

Свеченото отворање на изложбата во Гевгелија беше збогатено и пропратено со неколку вокални изведби на ансамблот „Македонија“. им/сд/

Back to top button
Close