Дописници МКДПретседателски избори 2019

Излезеноста во Кичево до 17 часот е 28,37 отсто

На само два часа пред затворање на избирачките места излезеноста во Кичево изнесува 28,37 отсто.

Кичево, 21 април 2019 (МИА) – На само два часа пред затворање на избирачките места излезеноста во Кичево изнесува 28,37 отсто.

Досега правото на глас на овие преседателски избори го оствариле 14.271 од вкупно 50.296 лица кои имаат право на глас, на сите 115 избирачки места во Кичево.

– Изборниот процес се одвива мирно и без тешкоти, се надеваме дека вака мирно ќе биде и во наредните два часа и достоинствено ќе го завршиме овој изборен ден, рече преседателката на Општинската изборна комисија Антигона Сефери.

Додаде дека на две изборни места, во селата Јагол Долеци од запишани девет и селото Дупјани од запишани шест гласачи не гласал ниту еден гласач. рз/нд/

Таг
Back to top button
Close