0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

И Словачка денеска го ратификува Протоколот за НАТО

По Полска, и словачкиот Парламент денеска го ратификуваше Проколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Со ова Словачка е 11-та земја-членка на НАТО што го ратификуваа Протоколот.

Скопје, 4 април 2019 (МИА) – По Полска, и словачкиот Парламент денеска го ратификуваше Проколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Со ова Словачка е 11-та земја-членка на НАТО што го ратификуваа Протоколот.

– Парламентите на Полска и Словачка го ратификуваа протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Одиме чекор по чекор кон целта – Република Северна Македонија, членка на НАТО!, објави денеска на својот профил на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Претходно денеска полскиот Парламент го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. За ратификација на Протоколот гласаа 388 пратеници, еден беше против, а двајца воздржани.

Прва држава што го ратификуваше Протоколот беше Грција, а по неа тоа го сторија и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Литванија, Данска и денеска Полска и Словачка.

Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка. нд/сд/

Таг
Back to top button
Close