0_Спорт.ПорталФудбал

Гвардиола со добра вест пред мечот со Тотенхем

Натпреварот е утре од 21:00 часот по македонско време, а аргентинскиот напаѓач тренира целосно и ќе биде на линија за судирот во Лондон.

Лондон, 8 април 2019 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола објави дека ќе се потпира на голгетерот Серхио Агуеро за првиот натпревар против Тотенхем од четвртфиналето во Лигата на Шампионите.

Натпреварот е утре од 21:00 часот по македонско време, а аргентинскиот напаѓач тренира целосно и ќе биде на линија за судирот во Лондон.

– Агуеро се чувствува добро. Тој тренираше со тимот и се чувствува добро. Кајл Вокер, исто така се чувствува подобро, а Бенжамен Менди се опорави, па и тројцата ќе бидат достапни утре. Знаеме колку е тешко во ЛШ. Сите осум тима, кои останаа во турнирот, се претенденти за трофејот. Тотенхем е тежок ривал што го познаваме добро, изјави шпанскиот стратег на пресот пред мечот.вз

Таг
Back to top button
Close