БизнисБизнис.ПорталЕвропаЕвропа.Портал

ЕУ усвои измени на Директивата за природен гас

Советот на ЕУ усвои измени на Директивата за природен гас на Унијата, кои се однесуваат на експлоатацијата на подводни гасоводи, вклучително и на „Северен поток 2“.

Брисел, 15 април 2019 (МИА) – Советот на ЕУ усвои измени на Директивата за природен гас на Унијата, кои се однесуваат на експлоатацијата на подводни гасоводи, вклучително и на „Северен поток 2“.

Одобрувањето на измените од страна на Советот е последната фаза од усвојувањето на новата Доктрина за гас на ЕУ. Претходно, на почетокот на април, измените ги одобри и Европскиот парламент со 465 гласа „за“ и 95 „против“.

Измените ќе стапат во сила 20 дена по нивното објавување во Службениот весник на ЕУ, по што земјите членки на Унијата ќе имаат рок од девет месеци да ги инкорпорираат во своите национални законодавства.

Со измените, за подводните гасоводи од трети земји до ЕУ од сега ќе важат истите правила како и за копнените гасоводи, односно производителот на гас не мора да е сопственик на цевководот низ кој се дистрибуира енергенсот и мора да биде обезбеден пристап на трети страни до него, недискриминаториски тарифи и транспарентност. сп/

Таг
Back to top button
Close