СветСвет.Портал

Египетскиот Парламент изгласа уставни измени, Сиси може да биде претседател до 2030 година

Парламентот на Египет денеска ги усвои уставните измени, со кои му се овозможува на актуелниот претседател Абдел Фатах ел Сиси да остане на власт до 2030 година

Каиро, 16 април 2019 (МИА) – Парламентот на Египет денеска ги усвои уставните измени, со кои му се овозможува на актуелниот претседател Абдел Фатах ел Сиси да остане на власт до 2030 година.

Откако уставните измени се одбрени од Парламентот, за нив треба да се изјаснат и граѓаните на референдум, што најверојатно ќе се одржи во првата половина на мај.

Измените предвидуваат продолжување на претседателскиот мандат од четири на шест години, но и посебна измена, со која моменталниот мандат на Сиси ќе биде продолжен на шест години и ќе му се дозволи учество на изборите во 2024 година. ми/

 

Таг
Back to top button
Close