Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Дебата на УЈИE: Читањето и младите

Библиотеката „Макс ван дер Штул“ при Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Градската библиотека „Кочо Рацин“ -Тетово одржаа заеднички настан насловен „Читање и млади“ во насока на мотивирање на студентите што повеќе да читаат книги.

Тетово, 24 април 2019 (МИА) – Библиотеката „Макс ван дер Штул“ при Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Градската библиотека „Кочо Рацин“ -Тетово одржаа заеднички настан насловен „Читање и млади“ во насока на мотивирање на студентите што повеќе да читаат книги.

Во рамки на настанот беа промовирани студиите „Колку младите читаат денес“ на Доника Бакиу како и „Библиотеката како огледало на општеството“ од авторката Елмедина Абдулаи и директор на библиотеката „Макс ван дер Штул“.

-Студентите да бидат читатели не само на универзитетски учебници, туку и на книги воопшто. Треба да се охрабрат, а наставниците да користат педагошки методи во насока да ги поттикнуваат да читаат што повеќе, истакна доц. д-р Мерал Шехаби од УЈИЕ.

По презентацијата на студиите се одржа дебата со учесниците, а беа поделени неколку книги за најредовните студенти во библиотеката на УЈИЕ и во градската библиотека. ас/фф/

Таг
Back to top button
Close