Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Ципрас: Имаме водечка улога на Балканот, Грција повеќе не е „црна овца”

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека со зачленување на Грција во Иницијативата 16 + 1, која ја сочинуваат земјите од Централна и Источна Европа и Кина, неговата земја ја потврдила својата водечка улога на Балканот и ја обновила репутацијата.

Атина, 13 април 2019 (МИА) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека со зачленување на Грција во Иницијативата 16 + 1, која ја сочинуваат земјите од Централна и Источна Европа и Кина, неговата земја ја потврдила својата водечка улога на Балканот и ја обновила репутацијата.

Грчкиот премиер изјави дека неговата земја е центарот на поврзувањето на регионот и столб на стабилноста, безбедноста и соработката во североисточниот Медитеранот, особено по потпишувањето на Преспанскиот договор.

-Грција пред четири години беше неуспешна земја, „црна овца” на Европа, без пристап до големите предизвици и случувањата во регионот и во конфликт со своите соседи, рече Ципрас, додавајќи дека Грција е денес земја која сите ја признаваат, која излезе од големи економски тешкотии и проблеми и ја врати репутацијата.

Грчкиот премиер, исто така, истакна дека Грција требала да биде членка на Иницијативата 16 + 1 од 2012 година, но дека Кина и други 16 земји не ја прифаќале токму поради „конфликтот” со северниот сосед, кој беше во таа организација, но под своето старо име.

-Грција очигледно не можеше да учествува, рече Ципрас, додавајќи дека сите во Грција верувале дека грчката позиција за името на северниот сосед сите ја следат, а што беше погрешно.

Ципрас заклучи дека пристапот на Грција во Иницијатива 16 + 1, која отсега ќе се нарекува Иницијатива 1, ќе обезбеди посебна длабочина на меѓусебните односи, пред се во економиите и поврзаност на земјите-членки.ир/

Таг
Back to top button
Close