Дописници МКДОпштински вести

Британска помош за противпожарнaта служба на Крива Паланка

Британската противпожарнa служба „Fire aid" во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување планира набавка на теренски возила за потребите на кривопаланечката Територијална противпожарна единица. 

Крива Паланка,11 април 2019 (МИА) – Британската противпожарнa служба „Fire aid” во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување планира набавка на теренски возила за потребите на кривопаланечката Територијална противпожарна единица.
Станува збор за донација за која денеска разговараа Симон Роулеј од „Fire aid”, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, како и претставниците на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе – Свети Николе и Операцијата „Флоријан“ од Англија.
-На средбата се разговараше за унапредување на соработката на Општина Крива Паланка и Територијалната противпожарна единица од градот со високообученaта противпожарнa служба  „Fire aid”
во контекст на пружање помош во процесот на доопремување на професионалната противпожарна единица од Крива Паланка, информираат од Општината.
„ „Fire aid” е организација за заштита и спасување со високообучени противпожарни служби и добротворни британски организации, која меѓу другото испорачува и хуманитарна помош за службите за итни случаи на глобално ниво, одржливи донации на опрема за спасување и опоравување, како и обука и експертиза во повеќе од 40 земји во светот. ид/мч/

Back to top button
Close