0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Брендот на Вип годинава ќе биде сменет во А1

Брендот на телекомуникациската компанија Вип во текот на годинава ќе биде сменет во А1. Вип e член на А1 Телеком Австрија Групацијата, од каде во 2017 година објавија дека постепено ќе го воведува А1 брендот за сите свои компании.

Скопје, 3  април 2019 (МИА) – Брендот на телекомуникациската компанија Вип во текот на годинава ќе биде сменет во А1.  Вип e член на А1 Телеком Австрија Групацијата, од каде во 2017 година објавија дека постепено ќе го воведува А1 брендот за сите свои компании.

– И покрај најавата за промена на името, сите претходно стекнати права и обврски на корисниците, деловни партнери, клиенти или добавувачи остануваат непроменети и важечки, без потреба за промена на веќе постоечките договори. Корисниците немаат потреба за замена на СИМ картичка, броеви, модеми или било каква опрема, а сите услуги и договорени процеси ќе продолжат да функционираат како и досега, соопшти денеска Вип.

Со брендот А1, сакаме да ја зајакнеме нашата позиција како партнер од доверба за нашите корисници, кој ќе им понуди соодветни решенија кои ќе ги збогатат нивните животи и потреби за дигиталната ера. Во соработка со нашите корисници, ќе осмислуваме нови паметни решенија со кои тие ќе можат да уживаат во дигиталното време, изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип.

А1 Телеком Австрија Групацијата која котира на берзата во Виена е водечки провајдер на комуникациски решенија во Централна и во Источна Европа, со околу 24 милиони корисници во седум држави. Групацијата е европска деловна подружница на телекомуникацискиот провајдер América Móvil со седиште во Виена.лв/сд/

Back to top button
Close