Дописници МКДОпштински вести

Бојан Стојановски најдобар оратор на натпреварот УКЛО ТРИВИУМ

Бојан Стојановски, студент на Економскиот факултет во Прилеп е годинешен победник на натпреварот во ораторство УКЛО ТРИВИУМ кој традиционално го организира Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола.

Битола, 22 април 2019 (МИА) – Бојан Стојановски, студент на Економскиот факултет во Прилеп е годинешен победник на натпреварот во ораторство УКЛО ТРИВИУМ кој традиционално го организира Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.

На сцената во битолскиот Центар за култура, на тема „40 години УКЛО-дигитална (р)еволуција“, се натпреваруваа 12 студенти.

Со одлука на универзитетска комисија, второ место на натпреварот во ораторство освои студентката Софија Трампевска од Предагошкиот факултет – Битола, додека третпласира е Димитар Врглевски, студент на Правниот факултет – Кичево.

За покажаните говорнички вештини и умешност, покрај дипломи УКЛО на најдобрите оратори им додели и парични награди, а на 9 мај ќе го претставуваат Универзитетот „Св.Климент Охридски“ на државниот натпревар за оратори што ќе се одржи во Битола. мт/нд/

Таг
Back to top button
Close