Општински вестиСкопје

Бесплатна крвна анализа за 100 социјално загрозени граѓани и изнемоштени лица од Карпош

Општина Карпош се приклучи кон хуманитарната акција на Лајонс клубот – Карпош за бесплатна крвна анализа за вкупно 100 социјално загрозени граѓани и повозрасни, изнемоштени лица.

Скопје, 10 април 2019 (МИА) – Општина Карпош се приклучи кон хуманитарната акција на Лајонс клубот – Карпош за бесплатна крвна анализа за вкупно 100 социјално загрозени граѓани и повозрасни, изнемоштени лица.

Во просториите на урбаната заедница во Карпош 1, утринава крвна анализа направиле десетици граѓани. На денешната акција присуствуваше и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев кој со гувернерката на „Лајонс“ Дистрикт 132 Македонија Соња Бојаџиева размени повеќе предлози за идна соработка меѓу локалната самоуправа и „Лајонс“ клубот.

– Оваа хумана акција има за цел да обезбеди здравствена заштита и превенција на социјално ранливите категории на граѓани, информира Општина Аеродром. мд/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close