0_Магазин.ПорталСемејство

Бебе се родило два месеци по братчето

Во северна Италија се случи една ретка ситуација кога близначиња се родиле во временски интервал од два месеци.

Милано, 19 април 2019 (МИА) – Во северна Италија се случи една ретка ситуација кога близначиња се родиле во временски интервал од два месеци.

Имено, Алесандро се родил предвремено на 24 декември 2018 фодина во шестиот месец од бременоста, а пак Андреа се родила во осмиот месец, на 22 февруари годинава.

– Мајката и бебињата се добро и ќе излезат од болница за неколку дена. Ова кај нас се случува првпат, изјави раководителот на Фондацијата за дете и мајка во градот Монца.

Така, близначињата ќе го слават роденденот во различен месец и различна година. си/сп/

Таг
Back to top button
Close