Svet.SlajderСветСвет.Портал

Бајден собра 6,3 милиони долари за првите 24 часа кампања

Кандидатот за номинација на Демократската партија на САД за претседателските избори во 2020 година, Џозеф Бајден (76) собра преку интернет во првите 24 часа од објавувањето на кандидатурата 6,3 милиони долари, а 90 отсто од донациите се под 200 долари.

Вашингтон, 27 април 2019 (МИА) – Кандидатот за номинација на Демократската партија на САД за претседателските избори во 2020 година, Џозеф Бајден (76) собра преку интернет во првите 24 часа од објавувањето на кандидатурата 6,3 милиони долари, а 90 отсто од донациите се под 200 долари.

Бајден, кој беше во два мандата американски потпретседател, во време на Барак Обама, се натпреварува за номинација на демократите со уште 19 кандидати.

Следните претседателски избори во САД ќе се одржат во 2020 година. зш/

Back to top button
Close