Дописници МКДОпштински вести

Aсфалтирани повеќе локални улици во Крива Паланка

Како дел од програмата за одржување на локалната патна инфраструктура на општина Крива Паланка извршено е  асфалтирање на  дел од улиците „Херој Карпош“, „Ацо Шопов“, „Горан Стојановски“, „Климент Охридски“ и „8-ми Септември“ во повеќе населби во градот.

Крива Паланка, 15 април 2019 (МИА) – Како дел од програмата за одржување на локалната патна инфраструктура на општина Крива Паланка извршено е  асфалтирање на  дел од улиците „Херој Карпош“, „Ацо Шопов“, „Горан Стојановски“, „Климент Охридски“ и „8-ми Септември“ во повеќе населби во градот.

– Активностите кои се почнати минатата година, со подобрување на временските услови интензивно се реализираат периодов. Асфалтирани се улиците „Херој Карпош“, „Ацо Шопов“, „Горан Стојановски“, „Климент Охридски“ и „8-ми Септември“, во рамки на Програмата за одржување на локалната патна инфраструктура, а некои активности се во завршна фаза: тампонирана е улицата „Коце Металец“, во претстојниот период ќе биде асфалтирана и улицата во село Конопница, од црква, месност викана Спас, информира градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Како дел од активностите за подобрување на состојбата на патиштата во руралните средини, во село Трново е тампониран патот што се дели кон црквата и училиштето. На истиот потег направени се две паркингпроширувања, а асфалтирањето е во завршна фаза.

– Активностите во овој реон од село Трново исто така се започнати кон крајот на 2018 година, кога започна да се работи на патната инфраструктура во руралните средини, при што дел од активностите не беа во целост завршени заради лошите временски услови. Досега прочистени се патните правци во село Луке, село Подржикоњ, а наредниот период ќе се продолжи со активности во село Крстов Дол. Исто така, расчистени и тампонирани се патните правци во село Нерав и ќе се продолжи кон село Огут, додава Мицевски.

Со програмата за одржување на локална патна инфраструктура се планира да биде извршено асфалтирање и на неколку крака од улицата во населба Грамаѓе, каде треба да се иврши експропријација на дел од земјиштето, а пристапни патишта ќе бидат асфалтирани и до новата пешачко –рекреативна патека висока зона-лев брег на Крива Река, месност викана Стара вада. ид/мд/

Back to top button
Close