Дописници МКДИнтервјуПретседателски избори 2019

Арбен Аголи, кандидат за градоначалник на Дебар од Алијанса на Албанците

Арбен Аголи вторпат е во трка за градоначалник на Дебар. Во интервју за МИА вели дека гласовите што ги добил на претходните избори се обрвска за него. Ветува дека поинаков поубав и подобар Дебар.

Дебар, 16 април 2019 (МИА) – Арбен Аголи вторпат е во трка за градоначалник на Дебар. Во интервју за МИА вели дека гласовите што ги добил на претходните избори се обрвска за него. Ветува дека поинаков поубав и подобар Дебар.

Зошто се одлучивте да прифатете да бидете кандидат за градоначалник на Дебар?

Резултатот од локалните избори во 2017 година, кога јас како кандидат за градоначалник добив голем број гласови од моите сограѓани морално ме обврзува и затоа одлучив повторно да се пријавам за градоначалник на Oпштина  Дебар. Јас, но и гласачите знаат дека со мене на чело Дебар ќе биде поинаков поубав и подобар. Затоа и мојот слоган на овие избори е „Надеж за Дебар“. Дебар е раководен погрешно и верувам дека можам многу да дадам за мојот роден град и населените места во општината.

Кои се приоритетите на Вашата Програмата ?

Приоритетите на мојата изборна програма произлегуваат од потребите на населението во општината, односно како во градот, така и во селата. Тоа се здравата вода за пиење и тоа 24 часа како во градот, така и во селските населби, потоа расчистување на големиот број диви депонии како во градот, така и во селата, подобро управување со градската депонија  и во целина заштита на животната средина. Потоа има посебно место во програма за санација и реконструкција на локалните и региоиналните патишта, како и бројни проекти за развој на стопанството, културата образованието и спортот. Проектите, веруваме бидејки се добри ќе бидат поддржани како од институциите во РС Македонија така и од фондовите на ЕУ. Ќе се посвети поголемо внимание и околу добивањето на проекти од ЕУ што се однесуваат на меѓуграничната соработка.

Каде ја гледате вашата предност на изборите во однос на противкандидатот?

Мојата предност ја гледам во младите луѓе, младите кадри кои се околу мене, кои не се етикетирани, кои го сакаат многу својот град и општина и се целосно подготвени своето знаење и интелектуалност да го инвестираат за подoбар град и општина. Тоа се млади кадри кои навистина знаат и умеат да го подобрат животот во Дебар и кои со проекти ќе ја намалат миграцијата на младите која во изминатите години е многу масовна. Имам многу битни проекти што ќе се реализираат, а по основ на личност сум човек кој многу ја сака транспаретноста која е одлична карактеристика за  секој градоначалник. Избирачите мора да знаат каде се трошат нивните пари.

Како го гледате Дебар со Вас по две години и со кои кадри ќе го зајакнете кабинетот?

По две години Дебар верувам силно дека ќе биде почист град, ќе има и почисти села, ќе има уредени паркови и повеќе зеленило, кќе има катче за игра на децата и младите, ќе има модерна инсфраструктура како и  богат културен живот. Исто така, ако јас бидам избран за градоиначалник локалната самоуправа, но и другите институции ќе имаат ефикасна админситрација која ќе биде деполитизирана, а ќе има и еден информативен центар посебно за странските туристи.  Дебар очекувам да биде многу подбра за живеење  и да биде град кој навистина заслужува.  

Што се однесува до мојот кабинет јас како што кажав ќе имам повеќе советници, кои знаат и умеат да создаваат проекти од кои Дебар и селата ќе добијат поддршка од институции и фондации за финансиска поддршка на проектите.

Вера Тодоровска

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close