БизнисБизнис.ПорталСветСвет.Портал

Јапонски суд одреди кауција од 4,5 милиони долари за пуштање на притвор на поранешниот шеф на „Нисан“

Суд во Токио денеска одреди кауција од 500 милиони јени (4,5 милиони долари) за ослободување од притвор на поранешниот прв човек на јапонскиот автомобилски гигант „Нисан“, Карлос Гон.

Токио, 25 април 2019 (МИА) – Суд во Токио денеска одреди кауција од 500 милиони јени (4,5 милиони долари) за ослободување од притвор на поранешниот прв човек на јапонскиот автомобилски гигант „Нисан“, Карлос Гон.

Судот претходно му одреди мерка притвор на 65-годишниот Гон врз основа на четири обвиненија, меѓу кои и за прикривање на дел од својата плата од акционерите на фирмата и за користење на средства од фондовите на „Нисан“ за лични потреби.

Гон беше уапсен кон крајот на ноември 2018 година, под обвинение дека прикрил 44 милиони долари од неговите приходи и за неовластено користење на средства на „Нисан“.

Тој беше ослободен од притвор со кауција на почетокот на минатиот месец, но набрзо беше одново приведен врз основа на четирите нови обвиненија.

Гон, кого акционерите на „Нисан“ го разрешија од должноста по првото апсење, ги отфрла сите обвиненија како неосновани. сп/

Таг
Back to top button
Close