0_МИА Истражува.ПорталДописници СветТема

Ангелите на небото плачеа

Ангелите ја оплакуваат разурнатата Богородична црква од Париз. Ако не е спасена, скулптурата „Пиета“ од Никола Кусту навистина може да стане симбол на овој ден.

Вашингтон, 16 април 2019 (МИА) – Ангелите ја оплакуваат разурнатата Богородична црква од Париз. Ако не е спасена, скулптурата „Пиета“ од Никола Кусту навистина може да стане симбол на овој ден.

Создавајќи ја според образот на римската „Пиета“ на Микеланџело, Кусту придава повеќе драматизам во сцената. Неговата „Пиета“ е изрезбана во мермер во 1723 година за високиот олтар на храмот. Прекрасно извајаното тело на Христос на колената на Марија речиси се спружува на подот.

Богородица гледа во небото со молба за помош, а покрај неа ангелите липаат. Сцената како да ги опишува денешните трагични часови кога се уриваше грандиозната конструкција на стариот храм, а светот беспомошно зјапаше во тоа што се случува. Ангелите на небеса навистина плачеа.

Конечно, луѓето помислија – ова е терористички акт, секому му навре мислата в глава. Знаеме дека секакви психопати веќе се обидуваа да направат штета во црквата, не ли е така?

Симболот на Франција, симбол на христијанството. Симбол на „потчинетите“. Убеден сум дека некои ракоплескале и извикувале од радост гледајќи како гори катедралата, патем говорејќи, ова е казна Господова.

Неконтролирана хемиска реакција го зафати покривот на катедралата и којзнае кој дел од зданието. Колку уште ќе остане само во нашите сеќавања?

Зошто луѓето така емотивно реагираат на уривањето на се што е древно и старо? Сквернавење на древната Палмира од страна на Исламската држава предизвика слична, па можеби и подлабока тага отколку смртта на безброј Сиријци.

Пљачкосувањето на древните скривници со богатството на Месопотамија го одбележа периодот на анархија во Ирак по инвазијата.

Древните работи и објекти можат да бидат прекрасни, а понекогаш и уникатни. Богородичната црква од Париз е прекрасна и уникатна. Потрошеното време на нејзината градба, мајсторството на градителите, фактот дека никој повеќе не гради во готски стил – сето тоа дава посебна вредност.

Ја сакаме нејзината античност. Античките градби ја симболизираат идејата дека некои работи се вечни… И затоа таквите места како Богородичната црква од Париз се споменици на постојаноста и животот кој продолжува.

Богородичната црква од Париз не е мртва. Таа повторно ќе оживее и повторно ќе стане прекрасна. Камбанаријата нејзиниот врв ќе бидат исто толку елегантни. Сепак, храмот повеќе нема да е така оживеан како порано. кб/сп/

Таг
Back to top button
Close