0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталГраѓански сектор

Акција за донирање храна „Нахрани 10.000“ во рамки на „Недела на солидарноста“

Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“, која ќе се одржи на 16 април во рамки на „Неделата на солидарност“ на Црвениот крст на РМ од 10 до 18 часот на 29 локации во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани, Виница, Гостивар и Гевгелија. Целта е да се поттикнат граѓаните да донираат храна и да го подигнат нивното ниво на солидарност кон тие што немаат.

Скопје, 15 април 2019 (МИА) – Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“, што ќе се одржи утре во рамки на „Неделата на солидарност“ на Црвениот крст од 10 до 18 часот на 29 локации во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани, Виница, Гостивар и Гевгелија. Целта е да се поттикнат граѓаните да донираат храна и да го подигнат нивното ниво на солидарност кон тие што немаат.

– Над 450.000 граѓани во Македонија имаат проблем да ги обезбедат сите оброци во текот на денот. На овие 29 локации граѓаните ќе можат да донираат храна која ќе биде со подолг рок на траење. Храната ќе биде ставена во пакети кои ќе бидат дистрибуирани до различни категории на социјално загрозени граѓани, истакна денеска на прес-конференција Блаже Јосифовски од мрежата „Сите сити“.

Тој изразии надеж дека ќе биде донирано доволна количина храна за да може да се задоволат дел од месечните потреби на граѓаните.

Оваа акција се организира во рамки на „Неделата на солидарноста“ што годинава од 15 до 21 април се одбележува впод мотото „Вашиот прилог значајна помош“ со целни групи семејства кои живеат во рурални подрачја и се од социјално ранливи категории.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит Саити информира дека ќе се собира храна, облека обуквки средства за хигиена, како и парични стредства. Средства ќе се собираат преку мобилни телефонски броеви 070/075/077 143 400 со донација од по 100 денари, или преку банкарска уплата на сметката на Фондот за солидарност на Црвениот крст на Република Македонија. Во овој период ќе се организира и хуманитарна акција од куќа до куќа за обезбедување донација во парични прилози.

Според податоците со кои располага Црвениот крст во Македонија 22,2 отсто од населението е сиромашно. Во светски рамки во сиромаштија живеат 2 милијарди луѓе, 750 милиони во екстремна сиромаштија, а 800 илјади во хронична глад. сст/са/

 

 

 

Back to top button
Close