Политички партии

Ахмети: Албанската жена е дел и подеднакво заслужна за секое достигнување

Демократската Унија за Интеграција вчера одржа Изборно собрание на Форумот на жени при што се избра новото раководство, претседателката, потпретседателките, секретарот и членовите на раководството.

Скопје, 15 април 2019
Демократската Унија за Интеграција вчера одржа Изборно собрание на Форумот на жени при што се избра новото раководство, претседателката, потпретседателките, секретарот и членовите на раководството.
Говор на овој настан имаше Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети како и повеќе гости кои беа поканети од Косово и Албанија.
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети рече дека за секое досегашно достигнување заслужна е Албанската жена, во секој напредок, во сите напори, и од поголемите за слобода, правда и рамноправност, Албанската мајка има дадено голем придонес.
“Тука слушнавме во нивното претставување две жен, еден програмски говор на Грида Дума, зборови кои извираат од срцето на мајката за напредок, храброст и организација на Албанските жени, го чувме и говорот на Лулиета кој извираше од длабочината на душата, болките на една мајка каде се упати повик за сите жени Албанки и покрај тоа што го виделе и го доживеале, екзекуцијата на нејзините синови и децата на нејзиното блиско семејство, сите вие да продолжите за да не го изгубите трпението туку да преживеете. Драга Лулиета, јас се трудам мајките да не доживеат болка и плач. Јас се залагам мајките, сестрите и жените Албанки да имаат ист третман во општеството затоа што не треба се заборави и историски да се заобиколи дека жената Албанка е дел од нашата древна и сегашна историја” рече Претседателот на ДУИ, Ахмети.
Претседателот на ДУИ, Ахмети рече дека од негова страна и од страната на неговите соработници има потполна поддршка во наредниот конгрес кој ќе се одржи ова година жените да бидат преставени од 30 до 40 посто во раководните органи на партијата.
“Ќе бидат преставени во Централниот Одбор, Претседателсвото на Демократската Унија за Интеграција како и правично застапени  во сите државни институции, било во извршните или законодавците. Има волја од мнозинството на претседателите на ограноците, на членовите на Централниот одбор и Претседателството и во ова прилика сакам да им се заблагодарувам на сите кои што придонесоа во организацијата на овој многу важен настан каде Вие ќе гласате, воедно сакам да им се заблагодарам на вашите најблиски, вашите семејства, сопружници, родителите, мајките, браќата, сестрите, тие кои што ве поддржале Вие да бидете дел од овие важни процесј и Вие да бидете дел од нераздвојната историја на Албанците, затоа што нашата историја не може да се дели помеѓу мажи и жени, туку таа е национална историја и Албанската мајка е дел од националната историја во териториите каде што живее”, истакна на крај Ахмети.
Збор на овој настан имаше бившата Претседателка на Форумот на Жени, Наиле Елези, новоизбраната Претседателка Мукадезе Хајдари како и г-ѓа Лулиета Шарани од Косово и г-ѓа Грида Дума од Албанија.
Демократска Унија за Интеграција

______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close