0_Македонија.ПорталПолитика

Заев очекува Вашингтон најдоцна до октомври да го ратификува Протоколот за НАТО

Премиерот Зоран Заев очекува ратификувањето на Протоколот за пристапување на земјава во НАТО во американскиот Сенат да заврши до крајот на летото, а најдоцна до октомври. 

Скопје, 29 март 2019 (МИА) – Премиерот Зоран Заев очекува ратификувањето на Протоколот за пристапување на земјава во НАТО во американскиот Сенат да заврши до крајот на летото, а најдоцна до октомври.

Тој денеска во Охрид истакна дека процедурите за Протоколот мошне брзо завршиле во Стејт департментот и документот веќе е доставен до Сенатот.

-Тоа е постапка која трае, поприлично е сложена, значи не очекувам дека ќе се случи за една недела, но очекувам дека ќе заврши до крајот на летото, септември, октомври, рече Заев и додаде дека тоа е е експресно брзо во споредба со протоколите кои Вашингтон ги ратификувал за претходните членки.

-Драго ми е што сите овие процеси се ставени во функција и во другите земји, за еден дел тоа ќе биде одложено заради изборите за Европскиот парламент, но динамиката со која се случуваат ратификациите во сите 29 држави е одлична. Јас сум многу среќен и благодарен, треба и граѓаните да бидат среќни заради тоа што е возможно за нашата земја тоа да се заврши буквално за девет месеци, а за другите земји се завршуваше од една до една и пол година, рече премиерот. ац/са/

Back to top button
Close