Временска прогноза

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Скопје, 22 март 2019 (МИА) – Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до девет, а дневната од 15 до 20 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

За време на викендот ќе биде претежно сончево со умерен ветер од северен правец.

Back to top button
Close