Дописници МКДОпштински вести

Во Струмица се одржа промотивна средба со Мировниот корпус

Во Струмица денеска се одржа промотивна средба со Мировниот корпус во Северна Македонија. На средбата присуствуваа претставници на воспитно-образовните институции и невладиниот сектор од општина Струмица, а целта беше запознавање со новиот повик за аплицирање за волонтер од Мировен корпус за оваа година.

Струмица, 14 март 2019 (МИА) – Во Струмица денеска се одржа промотивна средба со Мировниот корпус во Северна Македонија. На средбата присуствуваа претставници на воспитно-образовните институции и невладиниот сектор од општина Струмица, а целта беше запознавање со новиот повик за аплицирање за волонтер од Мировен корпус за оваа година.

Градоначалникот Коста Јаневски го пренесе позитивното искуство од повеќегодишната плодна соработка што го има општина Струмица со Мировниот корпус, изразено преку присуството на пет волонтери кои со својата работа во изминатите години дадоа значителен придонес во развојот на заедницата и при тоа ги охрабри присутните да аплицираат.

Работата на Мировниот корпус, кој е независна американска владина агенција и обезбедува волонтери во земјите низ светот, ја претстави директорот, Марк Ханафин.

Инаку, со меѓувладин договор од 1996 година, Мировниот корпус почнал да работи во организациите и училиштата во земјава со цел да ги поддржи различните потреби на заедниците и да го зајакне мирот и пријателството меѓу двете земји. рт/дма/

Back to top button
Close