ХроникаХроника.Портал

Во „мерцедес“ на излез од Гевгелија пронајдени седум авганистански мигранти, во близина уште 14

На автопатот Гевгелија-Скопје, на излез од Гевгелија, вчера во 20.10 часот полициски службеници забележале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и при контрола во возилото биле пронајдени седум лица - мигранти од Авганистан.

Скопје, 5 март 2019 (МИА) – На автопатот Гевгелија-Скопје, на излез од Гевгелија, вчера во 20.10 часот полициски службеници забележале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и при контрола во возилото биле пронајдени седум лица – мигранти од Авганистан.

Во непосредна близина до возилото, соопшти денеска МВР, биле откриени уште 14 лица-мигранти, сите од Авганистан.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот. цр/сд/

Back to top button
Close