СветСвет.Портал

Во Латинска Америка уапсени 560 шверцери со оружје

Во заедничка полициска операција во осум земји од Латинска Америка уапсени се 560 луѓе осомничени за шверц со оружје, меѓу другото и за достава на оружје на колумбиската бунтовничка организација Армија за национално ослободување.

Лион, 11 март 2019 (МИА) – Во заедничка полициска операција во осум земји од Латинска Америка уапсени се 560 луѓе осомничени за шверц со оружје, меѓу другото и за достава на оружје на колумбиската бунтовничка организација Армија за национално ослободување.

Ова денеска го соопшти Интерпол додавајќи дека во рамките на операцијата која почнала од крајот на февруари, учествувале полициски сили од повеќе земји од Мексико до Колумбија.

Во рациите се запленети вкупно 857 парчиња огнено оружје, околу 40.000 муниција, 20 гранати и разни воени и полициски униформи.

Меѓународната организација за криминална полиција посебно го поздрави апсењето на еден човек познат под псевдонимот Зевс мајмунот, осомничен дека е шеф на прекугранични шверцери кои ги снабдувале со оружје колумбиските бунтовници. Тој беше фатен при обид нелегално да ја премине границата меѓу Гватемала и Хондурас и им е предаден на властите во Колумбија. јт/

Таг
Back to top button
Close