Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството ќе ја изврши политичката нарачка

Република Македонија е држава со ограничена независност на судството, констатираше Стејт Департментот. Условите во затворите и притворите се сурови, нехумани и деградирачки.

Скопје,15 март 2019

Република Македонија е држава со ограничена независност на судството, констатираше Стејт Департментот. Условите во затворите и притворите се сурови, нехумани и деградирачки.

Извештајот на Стејт Департментот е доказ за политичкиот прогон во земјава. Притворањето на Митко Чавков со лажна службена белешка и измислени обвинувања, два дена пред изрекување на пресудата е преседан за правото.

Притворањето и начинот на шиканирање во притвор на голем број граѓани е политички притисок.

Кацарска судството и Русковска обвинителството е симбол на заробено правосудство, кое е само алатка на власта за извршување на политички нарачки.

Денеска правосудството на Заев ќе изврши политички процес. Правосудството ќе ја изврши политичката нарачка.

Република Македонија има потреба од функционална правна држава, за тоа е потребно победа на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори за победа над СДСМ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close