0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваПолитика

Притвор за сите 16 осудени за настаните од 27 април

Судот го продолжи притворот на Митко Чавков, Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски и Влатко Трајковски, а одреди мерка притвор и за останатите осудени во настаните од 27 април во Собрнието до правосилност на пресудата.

Скопје, 15 март 2019 (МИА) – Судот го продолжи притворот на Митко Чавков, Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски и Влатко Трајковски, а одреди мерка притвор и за останатите осудени во настаните од 27 април во Собрнието до правосилност на пресудата.

Шеснаесет од седумнаесетте обвинети во настаните од 27 април во Собранието денеска добија вкупно затворска казна од 211 години, додека ослободен од обвинение е Игор Дурловски.

Митко Чавков доби најголема казна од 18 години, Митко Пешов 15 години, Душко Лазаров 15 години, Горан Ѓошевски-Леви – 15 години, Оливер Поповски – 13 години, Оливер Радулов – 10 години, Мунир Пепиќ –  15 години, Абдулфета Алими – седум години, Младен Додевски – 12 години, Јане Ченто – 15 години, Горанче Ангеловски – 12 години, Игор Југ – 12, Влатко Трајковски – 15 години, Вилијам Михајловски – 14 години, Николо Митровски-Кољо -15 години и Александар Василевски-Нинџа – осум години,

Осудени се за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во Парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија беа помилувани 15 лица.скс/см/

Пресуда за “27 април”

Posted by MИА.mk on Петок, 15 март 2019

 

 

 

Back to top button
Close