0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Вардар со убедлива победа на гостувањето во Загреб

Најефикасни кај „црвено-црните“ со пет погодоци беа Криштопанс и Карачиќ, а четири имаше Мораеш. Милосављев на голот се истакна со 14 одбрани.

Загреб, 23 март 2019 (МИА) – Екипата на Вардар вечерва славше убедливо на гостувањето кај ППД Загреб со 18:27 (6:14) во првиот дуел од осминафиналето на ракометната Лига на шампиони. По вечерашната победа во „Арена Загреб“, „црвено-црните“ веќе се со една нога во четвртфиналето.

Вардарци вечерва беа расположени за игра, а резултатот од +8 на полувремето го покажа токму тоа. Домаќините се обидуваа да го сопрат налетот на македонскиот тим, но сепак немаа лек за добрата игра Криштопанс, Карачиќ, Дибиров, Мораеш…

Предноста продолжуваше да расте во второто полувреме, а во 50-та минута од мечот таа беше двоцифрена (15:25). До крајот тимот од Загреб успеа да ја намали таа разлика на -9 (18:27), но по овој резултат неможат да очекуваат чудо и пласман во следната фаза.

Најефикасни кај „црвено-црните“ со пет погодоци беа Криштопанс и Карачиќ, а четири имаше Мораеш. Милосављев на голот се истакна со 14 одбрани.

Во редовите на домаќините се истакна Мандиќ со пет гола.

Реваншот ќе се одигра по седум дена во Скопје.вз

Таг
Back to top button
Close