0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Вардар против Мешков во полуфиналето на СЕХА-лигата

Во второто полуфинале ќе играат Нексе и ППД Загреб. Победникот од овие полуфинални средби ќе се бори за трофејот. Ф4-турнирот ќе се одржи на 2 и 3 април во Брест.

Брест, 14 март 2019 (МИА) – Македонскиот шампион Вардар ќе игра против домаќинот Мешков во полуфиналето на регионалната СЕХА-лига. Во второто полуфинале ќе играат Нексе и ППД Загреб. Победникот од овие полуфинални средби ќе се бори за трофејот. Ф4-турнирот ќе се одржи на 2 и 3 април во Брест.

„Црвено-црните“ одиграа 18 кола, и остварија 14 победи и четири порази освојувајќи 42 бода. ППД Загреб, Нексе и Мешков ги освоија другите три места, и сите имаат по 39 бода.

Вардарци и Мешков веќе играа меѓу себе во полуфиналето во СЕХА-лигата во Брест пред две сезони. Тогаш Вардар ја освои титулата, откако во финалето триумфира над Веспем.

Вардар е единствен тим со четири титули во СЕХА и само втор што има две титули по ред.

Брест е вториот град каде што вторпат ќе се игра Ф4-турнирот од регионалната ракометна лига. Претходно само Скопје двапати беше домаќин.вз

Таг
Back to top button
Close