0_Спорт.ПорталФудбал

Варан одби да коментира за својата иднина

Во однос на Зидан, тој вели дека го цени како човек и тренер.

Мадрид, 22 март 2019 (МИА) – Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан не ги прокоментира гласините дека има желба да си замине од кралскиот клуб.

– Не сакам да коментирам за иднината и немам навика да дискутирам јавно за своите планови, отсече Французинот.

Во однос на Зидан, тој вели дека го цени како човек и тренер.

– Тој е исклучително важна личност за мене. Забавно е дека пред неговото тренерско деби во 2016-та се сомневав дали ќе се справи, но тој ги натера сите критичари да замолчат и покажа дека може да го раководи најголемиот клуб во светот, вели Варан.

Варан има договор со тимот од Мадрид за уште три години, но во последниве неколку недели се шпекулира дека може да се пресели во Јувентус по завршувањето на сезоната.вз

Таг
Back to top button
Close