0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderSvet.SlajderДописници СветПолитика

Упатства до грчките царински служби по стапувањето во сила на Договорот од Преспа

Независната служба за јавни приходи на Грција преку циркулар ги известува царинските служби за процедурите за размена, промените и праксите со Северна Македонија, по стапувањето во сила на Договорот од Преспа.

Атина, 19 март 2019 (МИА) – Независната служба за јавни приходи на Грција преку циркулар ги известува царинските служби за процедурите за размена, промените и праксите со Северна Македонија, по стапувањето во сила на Договорот од Преспа.

Документот е со датум 13 март, содржи општ дел и дел со специјални упатства за транзит, увоз, извоз, патници и превозни средства во кои детално се објаснети упатствата и насоките до царинските служби, а е сличен со циркуларот од грчкото МНР со упатства до јавните служби, испратен минатиот месец, јави дописничата на МИА од Атина.

На почетокот од циркуларот е објаснето дека од 12 февруари уставното име на земјата е „Република Северна Македонија“, а краткото име „Северна Македонија“ и важи за сите употреби.

-Сите документи што ќе ги издава соседната земја (патни документи, лични карти, возачки дозволи, потврди итн.), секаков вид службена пошта и придружен материјал што доаѓаат од властите на соседната земја што се со датум на издавање по стапувањето во сила на договорот ќе треба да бидат со новото име и термините што се однесуваат на земјата, пишува во циркуларот и е објаснето дека за постојните документи е предвиден „технички” и „политички” преоден период, согласно членот 1 (3) од Договорот од Преспа.

„Техничкиот” преоден период се однесува на документите за меѓународна употреба, за кои е предвиден рок од најмногу пет години, а „политичкиот” за документите за внатрешна употреба чија промена е поврзана со отворањето поглавја во процесот на преговори со ЕУ.

Во циркуларот е објаснето дека повеќе не важат имињата „Република Македонија” и „поранешна југословенска Република Македонија”, а во случај во официјалната службена пошта на властите од двете земји да нема придржување до правилната употреба на името и термините, службената пошта нема да биде примена и ќе се враќа назад до испраќачот.

При увозот, според циркуларот, треба да стои кодот „МК: Северна Македонија” во делот што се однесува на земја испраќач или земја на потекло, додека, пак, во однос на трговските имиња и трговските ознаки е објаснето дека царинските служби не се обврзани да контролират, бидејќи врз основа на Договорот од Преспа, предвидено е формирање меѓународна група. ср/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close