0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталОпштествоТема

Туристички водичи – презентери на туристичката понуда и „домаќини“ на странските туристи

Изобилство од високи планини, големи и мали природни и вештачки езера, реки, шуми, градови... Ова е само дел од она што најмногу го привлекува вниманието на странските туристи. Чистиот планински воздух или убавините на охридското езеро се незаменливи во секој поглед и се одличен избор за секој патник.зобилство од високи планини, големи и мали природни и вештачки езера, реки, шуми, градови... Ова е само дел од она што најмногу го привлекува вниманието на странските туристи. Чистиот планински воздух или убавините на охридското езеро се незаменливи во секој поглед и се одличен избор за секој патник. Ова е причина зошто во Македонија туризмот опстојува во текот на сите 12 месеци, а бројот на туристите со години се зголемува. Можностите се огромни со оглед на тоа што ние сме комуникациски поврзана средина со регионот. Македонија пред пет години бележи добар раст на туризмот, односно од десет до 15 проценти зголемен раст на туристи. Бројката со сигурност ќе продолжи да расте наредниве десет години затоа што балканот се уште е примамлив како нова дестинација, но дали по десет години таа ќе се намали, зависи од тоа колку нови производи ќе се понудат на пазарот. Всушност, тоа е главниот недостаток на нашиот туризам. Постојат многу хотели, ресторани и превози, но нема понуда на нови производи.

Скопје, 9 март 2019 (МИА) – Изобилство од високи планини, големи и мали природни и вештачки езера, реки, шуми, градови… Ова е само дел од она што најмногу го привлекува вниманието на странските туристи. Чистиот планински воздух или убавините на Ехридското Езеро се незаменливи во секој поглед и се одличен избор за секој патник. Ова е причина зошто во Македонија туризмот опстојува во текот на сите 12 месеци, а бројот на туристите со години се зголемува. Можностите се огромни со оглед на тоа што ние сме комуникациски поврзана средина со регионот. Македонија пред пет години бележи добар раст на туризмот, односно од десет до 15 проценти зголемен раст на туристи. Бројката со сигурност ќе продолжи да расте наредниве десет години затоа што Балканот се уште е примамлив како нова дестинација, но дали по десет години таа ќе се намали, зависи од тоа колку нови производи ќе се понудат на пазарот. Всушност, тоа е главниот недостаток на нашиот туризам. Постојат многу хотели, ресторани и превози, но нема понуда на нови производи.

Како планинска земја, Македонија е најмногу фокусирана на летниот туризам.

– Ние се уште сме фокусирани на летниот туризам, односно во месеците јуни, јули, август, како и мај и септември и покрај тоа што имаме услови за туризам во текот на сите 12 месеци, изјави за МИА, претседателот на Здружението на туристички водичи, Бранко Босилков.

Најпосетени дестинации и туристички атракции во Македонија

Како најпосетен град во нашава земја, Босилков и туристичкиот водич Небојша Ќамилов го наведуваат Охрид. По бројот на посетители, како втор град го посочуваат Скопје, што последнава година го надминал Охрид по бројот на ноќевања.

– Скопје како главен град, со сите содржини околу него, почна да остварува поголем број ноќевања, информира Босилков.

Во Скопје, како што наведе Небојша, сме на пола пат меѓу среќавање на понудата и што всушност бараат туристите.

– Она што е најмногу барано, како и секогаш е историското минато, калето и старата чаршија, потоа модерниот развој на градот, односно што е Скопје денес, централното подрачје на градот, животот во Дебар Маало, како и градбите популарни како „Скопје 2014, што несомнено оставаат силен впечаток на туристите кои првпат доаѓаат во Скопје, вели Небојша.

Босилков смета дека треба повеќе да се насочиме кон развој на сите рурални или алтернативни средини, каде што има неисцрпни можности.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот без инспирација

Босилков, кој воедно е член на советот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот вели дека Агенцијата како да нема инспирација.

– Малку критично ќе звучи, меѓутоа како да нема инспирација. Се оди на клише, потоа саеми, брошури, а главната промоција на туризмот ја прават агенциите за дојдовен туризам. Се борат, прават онолку колку што можат, придонесуваат, фаќаат контакти…

Вели дека недостига посериозна поддршка и покреативен пристап од страна на Агенцијата.

Вештини што треба да ги поседува секој туристички водич

Туристите ја гледаат државата како земја со долго историско минато, многу знаменитости за што се подготвени да дојдат и да ги посетат. Најголем впечаток, секако, оставаат и туристичките водичи кои даваат максимум да им ја претстават земјата во најдобро светло. Не се знае бројот на туристички водичи и специјалноста на луѓето кои ја извршуваат оваа работа, колку се тие навистина едуцирани, дали и колку странски јазици владеат. За да биде туристички водич, кандидатот треба да има завршено соодветно образование, да знае минимум еден странски јазик и да поседува лиценца. 

Да се работи како туристички водич може да биде навистина интересно и предизвикувачки. Небојша смета дека е потребен широк интелектуален профил што освен богатство на информации, потребно е и познавање и за поспецифични одредени области, поврзани со конкретната туристичка гранка што ја работи водичот.

– Треба да постои многу широка култура и исто така може да се наведат и интерперсонални вештини, односно да се има предвид дека човекот мора да биде во контакт со луѓе од различни култури, возрасти и различни профили, мора да има добри комуникациски вештини и одлично познавање на странски јазици, вели Небојша.

Кога го прашавме како да се мотивираат младите луѓе да навлезат во овој сектор, тој ни одговори дека не може да се мотивира некој кој воопшто не припаѓа во оваа сфера. Посочи оти тој не познавал никој од туристичката сфера, но ги имал потребните познавања. Верува дека постои добар дел на луѓе кои потенцијално би можеле, како што вели, со мала надградба да почнат со оваа работа и едноставно треба да се пронајдат.

Лоши и добри страни на професијата туристички водич

Потребата да се работи во сите временски услови, одговорноста за групата што ја предводи туристичкиот водич, како и намалување на профитот во есенскиот и зимскиот период можат да се вбројат во лошите страни на оваа професија. Предностите се секако повеќе, а тука спаѓаат постојаната комуникација и запознавање нови луѓе, можноста да се патува, стабилни приходи во летниот период, постојана јазична пракса…

Небојша вели дека оваа професија е сезонска и парцијална за поголем дел од проектите. За попривлечните аспекти, тој не информира дека тоа се работењето вон канцеларија, односно работа на терен и тоа што постои комуникација со голем број луѓе од целиот свет.

Марија Спасовска

Бисера Трајковска

 

Back to top button
Close