0_Спорт.ПорталРезултатиТенис

Тинејџерката Андреску ја прегази Мугуруса во Индијан Велс

За целата битка, 60-тата во светот и даде само 22 поени на Шпанката. На два пати и се наметна да спасува поени за брејк, но го направи тоа на извонреден начин и на крајот се најде меѓу четирите најдобри на турнирот.

Индијанаполис, 14 март 2019 (МИА) – Тинејџерката Бјанка Ванеса Андреску продолжува да го живее сонот во Индијан Велс. 18-годишната Канаѓанка стигна до полуфиналето во турнирот, откако ја отстрани 20-тата во шемата Гарбине Мугуруса.

И тоа не само што ја победи, туку директно го избриша теренот со неа. Андреску ја победи поранешната освојувачка на „Вимблдон“ со 6:0, 6:1 и макар да имаше своите проблеми и во таков натпревар, покажа дека има одлична психичка стабилност и може да сепретвори во голема тенисерка.

За целата битка, 60-тата во светот и даде само 22 поени на Шпанката. На два пати и се наметна да спасува поени за брејк, но го направи тоа на извонреден начин и на крајот се најде меѓу четирите најдобри на турнирот.

Таму таа ќе има повторно многу тешка задача. Нејзина соперничка во претпоследната фаза од турнирот ќе биде шестата носителка Елина Свитолина. Украинката се справи со 61-та во светот Маркета Вондрушова со 2:1 во сетови.

Во 200-минутниот спектакл, Свитолина победи со 4:6, 6:4, 6:4, а натпреварот понуди доста емоции, пресврти и убави моменти за гледачите, но на крајот поголемата класа и искуство на Свитолина си го кажаа своето и таа продолжи во полуфиналето.вз

Таг
Back to top button
Close