0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитикаПретседателски избори 2019

Тимоние: Претседателските избори да бидат фер, да не се оспоруваат резултатите

Имате одлични тројца кандидати за претседател и државата треба да се гордее со нив.Трката мора да се одигра фер, во мирна, демократска атмосфера и никој да не ги оспорува изборните резултати, рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Крива Паланка, 27 март 2019 (МИА) – Имате одлични тројца кандидати за претседател и државата треба да се гордее со нив. Трката мора да се одигра фер, во мирна, демократска атмосфера и никој да не ги оспорува изборните резултати, рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
-Тоа ќе биде многу важно за одлуките во јуни, да може земјата да ја сврти новата страница од 27 април, за остварување на заедничките цели и интереси, влез во ЕУ и НАТО, истакна Тимоние на средбата со градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски.
Тимоние синоќа ја посети Општина Крива Паланка по повод 7. Франкофонска вечер. ид/мч/
 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close