0_Спорт.ПорталФудбал

Стирлинг влезе во фокусот на Реал

Меѓу целите на Реал се и Кристијан Ериксен од Тотенхем и Еден Азари од Челзи, а договорите и на двајцата им истекуваат по 12 месеци.

Мадрид, 16 март 2019 (МИА) – Во рамките на својот голем план за реновирање на тимот, Реал Мадрид ќе сенасочи кон крилото на Манчестер Сити, Рахим Стирлинг, пишува „Дејли Мирор“.

Претходно оваа недела, Зинедин Зидан се врати на функцијата тренер на „белиот балет“, потпишувајќи договор до 2022 година.

Се претпоставува дека Французинот прифатил да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, откако добил гаранции за сериозен буџет за трансфери од околу 300 милиони фунти.

Меѓу целите на Реал се и Кристијан Ериксен од Тотенхем и Еден Азари од Челзи, а договорите и на двајцата им истекуваат по 12 месеци.

Дваесет и четири-годишниот Стирлинг, исто така, лично е баран од Зидан, откако во последниве години се претставува одлично во Премиер лигата.

Стирлинг сепак гопродолжи договорот со Сити до ноември 2023 година, а во клубот заработува по 300.000 фунти неделно, па Реал ќе треба да извади многу сериозна сума, за да го привлече англискиот репрезентативец.вз

Таг
Back to top button
Close