Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

Скопје, 16 март 2019 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови до засилен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се двдижи од минус два до шест степени, а дневната температура од 11 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе достигне до нулата, а дневната темература до 19 степени.

Следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури, кои од недела на повеќе места ќе надминуваат 20 степени. Утринските температури ќе се позитивни.

Back to top button
Close