СветСвет.Портал

Снег го парализира североисточниот дел на САД

Силна снежна бура го погоди североисточниот дел на САД и предизвика откажување на повеќе од 580 летови, затворање на училишта, а во Минеаполис е регистрирана најниска температура.

Њујорк, 5 март 2019 (МИА) – Силна снежна бура го погоди североисточниот дел на САД и предизвика откажување на повеќе од 580 летови, затворање на училишта, а во Минеаполис е регистрирана најниска температура.

Снежното невреме најтешко го погоди Бостон, каде што паднаа околу 40 сантиметри снег и предизвика хаос на меѓународниот аеродром Логан, како и на њујоршкиот аеродром Ла Гвардија и меѓународниот аеродром во Њу Џерси.

Во Њу Џерси, тешкиот и влажен снег остави повеќе од 15.000 домови без електрична енергија.

Последниот продор на арктички воздух предизвика голем пад на температурите во повеќе места во САД. јт/

Таг
Back to top button
Close