0_Македонија.ПорталГраѓански секторДописници МКД

„Сите сме исти” – Јанкула од Мала Преспа го донира својот трицикл на лица со попреченост

Васил Јанкула од Мала Преспа, кој боледува од детска церебрална парализа, човек со огромна волја, оптимистички дух и храбро срце, го донира својот трицикл на лица со попреченост.

Дебар,15 март 2019 (МИА) – Васил Јанкула од Мала Преспа, кој боледува од детска церебрална парализа, човек со огромна волја, оптимистички дух и храбро срце, го донира својот трицикл на лица со попреченост.

-На овој начин сакам да ги поттикнам лицата со попреченост да бидат повеќе активни во опшеството, еве како мене. Сите сме исти, вели Јанкула, дообјаснувајќи дека може да контактираат со него на адресата https://www.facebook.com/vasill.jankula.

Тој со трициклот ги оствари своите зацртани цели за лани, благодарение на поддршката од Општина Пустец и, секако, тренерот Тони Ангеловски.

Најпрво на осми септември, по повод независноста на Северна Македонија, ја извози триесеткилометарската патека во рамки на Охридскиот меѓународен атлетски маратон. Како дел од 32-то издание на маратонот, со оптимистички дух и храбро срце успеа за два часа да ја извози патеката полна со удолници и угорници.

На 11 ноември под мотото „Возам на точак за лица со попречност” возеше низ Скопје, а потоа и на прилепскиот маратон.

Овој млад човек, и покрај својот физички хендикеп, ја извози патеката од 150 километри, во двата правца, возејќи 8 часа, од Ресен до селата од Мала Преспа, Леска, Пустец, Зарноско.

Со тоа тој покажа дека огромната волја и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа се посилни од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги.

Негова желба е да продолжи и натаму, секако, како што рече, доколку најде покровители, да помине низ цела Македонија со точак, а можеби еден ден да вози и низ Балканот, Европа и светот. вт/бк/

Back to top button
Close