Дописници МКДОпштински вести

Си изградил викендичка на вакафско место, заработи кривична пријава

Жител на дебарското село Џепиште заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Дебар, 15 март 2019 (МИА) – Жител на дебарското село Џепиште заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

-Полициската станица од општа надлежност од Дебар поднесе кривична пријава против М. Б.(65) од дебарското село Џепиште. Пријавениот извршил узурпација на две катарстарски парцели, првата во месноста Манастирец, попозната како Три чешми покрај брегот на Дебарско Езеро во сопственост на манастирот „Св. Арахангел Гаврил“, а втората во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со патишта, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него, на узурпираните 608 квадратни метри М. Б. си изградил викендичка.

-Со извршување на казнените дела, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 934.800 денари, МПЦ-ОА ја оштетил за 848.700 денари, а Јавното претпријатие во износ од 86.100 денари, додаде Димоски. вт/сст/

 

Back to top button
Close