0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Шифрин победи во последната трка за сезоната и го освои четвртиот Кристален глобус

Со успехот денес, Шифрин си го загарантира малиот Кристален глобус во дисциплината со 615 поени, пред Влхова со 478 и Ворли со 460.

Солдеу, 17 март 2019 (МИА) – Олимписката шампионка Микаела Шифрин (САД) го освои велеслаломот во Солдеу (Андора), со кој беше ставен крај на сезоната за Светскиот куп во ски-алпски дисциплини. Шифрин заврши за 2:23.17 минути, со што ја запиша 60-тата победа во кариерата.

Американката беше најбрза по првата трка со 1: 09.74 минута, а во втората допушти мала грешка во долниот дел на трасата, но тоа не се покажа фатално и таа заврши со 30 стотинки од секундата пред сензацијата Алис Робинсон од Нов Зеланд. 17-годишната Робинсон, светска шампионка за јуниорки, заслужи место на подиумот за прв пат по десеттиот старт за Светскиот куп кај жените.

Светската шампионка кај жените Петра Влхова (Словачка) остана трета на 41 стотинки зад победничката, откако даде најдобро време во втората трка, но не успеа да го израмни заостанувањето од првата. Французинката Теса Ворли заврши четврта на 1.21 секунда заостанување, а Викторија Ребензбург (Германија), која беше втора по првата трка и водеше до последната контрола, допушти сериозна грешка неколку врати пред финишот и на крајот се нареди петта на 2.03 секунди зад Американската. Венди Холденнер (Швајцарија) остана на шестото место за 2,34 секунди заостанување.

Со успехот денес, Шифрин си го загарантира малиот Кристален глобус во дисциплината со 615 поени, пред Влхова со 478 и Ворли со 460. Така Американката зеде досега невиден четврти глобус во рамките на сезоната, откако ја обезбеди крајната победа во Светскиот куп во трета сезона по ред, како и титули во слалом и супер-џи. Шифрин заврши како број 1 за оваа сезона со 2.204 поени, следена од Влхова со 1.355 поени и Холденер со 1.079 поени.

Конечен пласман во велеслалом во Солдеу:

1. Микаела Шифрин (САД) – 2: 23.17 минути (1: 09.74 минута во првата трка и 1:13.44 минута во втората)
2. Алис Робинсон (Нов Зеланд) – 2: 23.47 (1: 10.58 и 1: 12.89)
3. Петра Влхова (Словачка) – 2: 23.58 (1: 10.71 и 1: 12.87)
4. Теса Ворли (Франција) – 2: 24.38 (1: 10.97 и 1: 13.41)
5. Викторија Ребензбург (Германија) – 2: 25.20 (1: 10.33 и 1: 14.87)
6. Венди Холденер (Швајцарија) – 2: 25.51 (1: 11.13 и 1: 14.38)

Пласман во велеслалом:

1. Шифрин – 615 поени
2. Влхова – 478
3. Ворли – 460
4. Ребензбург – 380
5. Брињоне (Италија) – 360
6. Мовинкел (Норвешка) – 277

Генерален пласман за Светскиот куп:

1. Шифрин – 2.204 поени
2. Влхова – 1.355
3. Холденер – 1079
4. Ребензбург – 814
5. Шмидхофер (Австрија) – 771
6. Брињоне – 764.вз

Таг
Back to top button
Close