Дописници МКДОпштински вести

Се продлабочува соработката меѓу општините Берово и Струмјани

Соработката меѓу општините Берово и Струмјани е на завидно ниво, а со отворањето на граничниот премин Клепало истата уште повеќе ќе се продлабочи. Ова го истакна градоначалникот на Струмјани, Емил Илиев, кој се обрати пред беровските советници откако претходно беше поканет да присуствува на деветнаесеттата седница на Советот на општина Берово.

Берово, 14 март 2019 (МИА) – Соработката меѓу општините Берово и Струмјани е на завидно ниво, а со отворањето на граничниот премин Клепало истата уште повеќе ќе се продлабочи. Ова го истакна градоначалникот на Струмјани, Емил Илиев, кој се обрати пред беровските советници откако претходно беше поканет да присуствува на деветнаесеттата седница на Советот на општина Берово.
-На покана на Јован Матеничарски, претседател на беровскиот совет, присуствувам на редовната седница, при што пред советниците истакнав дека сум задоволен од досегашната соработка и заедничките проекти со општина Берово. Сметам дека таа соработка особено ќе се унапреди со отварањето на граничниот премин Клепало, на кој интензивно се работи и чие отворање се очекува да се случи некаде наредната година. Тогаш двете општини ќе бидат многу блиску и многу полесно ќе се реализираат сите заеднички активности, додаде Илиев.
Со отворањето на Клепало, дополни Илиев, двата народи ќе бидат уште поблизу.
Со Илиев беше договорено советите на двете општини да одржат заедничка средба, чија главна цел, како што истакнаа беровските советници, ќе биде да се прифати подобриот начин на работа и да се реализираат проекти од витално значење за општините од двете страни на границата. вс/сд/

Back to top button
Close