0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт

Сè е подготвено за ждрепката в сабота за СП во кошарка во Кина

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) потврди дека ждрепката за Светското првенство во Кина ќе се одржи во сала во Шенжен.

Пекинг, 14 март 2019 (МИА) – Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) потврди дека ждрепката за Светското првенство во Кина ќе се одржи во сала во Шенжен.

Жрепката е закажана за сабота, 16 март, од 11:45 часот по средноевропско време, пред 8.000 гледачи во Арената Шенжен Беј, со посебно учество на кошаркарски и музички ѕвезди.

-Среќни сме што можеме да ѝ понудиме на публиката во салата, како и на оние кои ќе гледаат преку официјалниот јутјуб-канал, повеќе од ждрепка со ѕвездите на вечерта, како што се Коби Брајант, Јао Минг и Џејсон Деруло, рече првиот човек на ФИБА, Орасио Mураторе.

На Светското првенство ќе се натпреваруваат 32 национални тима. зш/

Back to top button
Close