0_Македонија.ПорталПолитички партии

СДСМ:Конфузниот Мицкоски лаже и глуми загриженост, разбирлива е паниката од поразот што му претстои на изборите

Лицемерниот Мицкоски продолжува да глуми лажна загриженост и да ги манипулира граѓаните.

Скопје, 27 март 2019

Лицемерниот Мицкоски продолжува да глуми лажна загриженост и да ги манипулира граѓаните.

Погубните политики што ги спроведуваше, никој друг туку ВМРО ДПМНЕ со години, придонесоа за рапидно зголемување на жителите од Мокриево и Сушица, а токму неговата ВМРО-ДПМНЕ ги даде концесиите за отворање на рудници за кои Мицкоски денеска глуми загриженост.

Мицкоски почна да се губи во сопствените лаги и да заборава на штетите што неговата партија и го направи на целиот струмички регион.

Разбирлива е конзфузијата на Мицкоски по неговиот дебакл на ТВ дуелот, разбирлива е и нервозата што ги обзема Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои стануваат свесни дека на престојните претседателски избори им претстои пораз на нивните деструктивни и погубни политики.

Центар за комуникации со јавност 

Социјалдемократски сојуз на Македонија

____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close