0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Самарџиски прогласен за МВП на колото во АБА2 лигата

Самарџиски беше втор стрелец на 22 коло на регионалната лига, како и најдобар скокач

Скопје, 15 март 2019 (МИА) – Центарот на МЗТ Скопје, Предраг Самарџиски беше прогласен за најдобар играч (МВП) во последното коло од регуларниот дел од сезоната во АБА2 лигата.

Поранешниот македонски репрезентативец имаше одличен настап во дуелот со Спарс, откако го заврши мечот со 26 поени, 14 скокови, 4 асистенции, три украдени топки и три блокади.

Самарџиски беше втор стрелец на 22 коло на регионалната лига, како и најдобар скокач.вз

Таг
Back to top button
Close