0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидеоПолитика

Рикер: Политиката што САД ја спроведува на Балканот се поклопува со интересите на земјите од регионот

Политиката што САД ја спроведува на Балканот, а со тоа и во земјава, се поклопува со интересите и аспирациите на земјите за членство во ЕУ и НАТО, смета идниот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер, кој денеска престојува во посета на Република Северна Македонија.

Скопје, 4 март 2019 (МИА) – Политиката што САД ја спроведува на Балканот, а со тоа и во земјава, се поклопува со интересите и аспирациите на земјите за членство во ЕУ и НАТО, смета идниот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер, кој денеска престојува во посета на Република Северна Македонија.

Американската политика со генерации, потенцира тој, е да ја види ЕУ цела, мирна и слободна, а тоа го вклучува и Балканот, регионот што историски се соочувал со многу предизвици, но во кој годинава видовме многу голем напредок.

-Нашата цел е усогласеност со аспирациите на луѓето кои живеат во овој регион. Други земји можеби сакаат да го зголемат своето влијание на Западниот Балкан, вклучително и тука во Северна Македонија. САД е посветен пријател на сите овие држави кои изразија желба да се приклучат кон ЕУ и работат на реформите, и ја изразија својата желба да станат земји членки на НАТО, што веројатно е најуспешната одбранбена мировна Алијанса во светот, рече Рикер одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по средбата со премиерот Зоран Заев.

Како што се подготвуваме да ја прославиме годишнината на НАТО, рече, драго ми е што можеме да видиме дека многу земји го остваруваат тоа.

-Северна Македонија покажа која е нејзината желба и навистина ни е драго што можеме да бидеме пријатели со неа во нејзините напори, рече Рикер посочувајќи дека САД изминатите 25 години работат да и помогнат на земјавата на тој пат, но и на останатите земји кои изразиле такви аспирации.

Тој истакна дека Договорот од Преспа е мошне значаен момент, и оти по тоа што било постигнато со него  јасно се гледа патот на Северна Македонија да стане 30 членка на Алијансата.

Премиерот Заев по средбата истакна дека Република Северна Македонија станува стабилен стратешки партнер на САД.

-Заедно сме фокусирани и посветени на безбедноста, на слободниот и непречен развој во регионот во услови на постојана поддршка на демократскиот просперитет. Како партнери со заеднички стратешки интереси, како партнери во НАТО нашата заедничка цел е борба против тероризмот и екстремизмот и заеднички акции во однос на сите закани за регионот и пошироко, рече Заев.

Додаде дека поддршката од САД за земјава била постојана и голема во сите изминати години а, како што рече, особено била поддршката и охрабрувањето од највисоките државници на САД во решавање на спорот со Грција чија круна е Договорот од Преспа.

-Тој беше од особено значење за откочување на нашите евроатлански интеграции, како и за регионалната стабилност и соработка. Скорешното зачленување во НАТО е од погромно значење за безбедноста и сигурноста на нашата земја и за целиот регион, но и за создавање услови за економски придобивки и за спроведување на реформите, истакна Заев по средбата.

Рикер пред средбата со Заев, се сретна со вицепремиерите Кочо Анѓушев и Бујар Османи, со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателотна ДУИ Али Ахмети. сст/дма/

 

Back to top button
Close