0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

РФМ в недела ќе го промовира новиот селектор на Македонија

Во медиумите се шпекулира со името на Данило Брестовац, кој моментално е на чело на РК Металург и тренер на млaдинските селекции.

Скопје, 1 март 2019 (МИА) – Ракометната федерација на Македонија испрати покани за прес-конференција по повод назначување на новиот селектор на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија.

Промоцијата ќе се одржи на 3 март 2019 (недела), во конференциската сала „Скала 1“ – Хотел „Холидеј ин“ Скопје, со почеток во 12:00 часот.

Во медиумите се шпекулира со името на Данило Брестовац, кој моментално е на чело на РК Металург и тренер на млaдинските селекции.

Новиот селектор ќе дебитира во април на дуелите против Исланд во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2020 година. вз

Таг
Back to top button
Close