0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Ребензбург прва на суперџи-трката во Андора, Шифрин го зеде малиот Кристален глобус

Светската шампионка Микаела Шифрин (САД) и Никол Шмидхофер (Австрија) ја поделија четвртата позиција со заостанување од 44 стотинки. Со тоа Шифрин си го обезбеди малиот Кристален глобус во суперџи со 350 поени по три победи во сезоната.

Солдеу, 14 март 2019 (МИА) – Германката Викторија Ребензбург победи во суперџи-трката од Светскиот куп во алпски ски-дисциплини во Солдеу (Андора). Ребензбург заврши со 1:23,91 минута и ја забележа вкупно 17-тата победа во кариерата. Германката третпат триумфира во дисциплината, но и за прв од 20 јануари 2013 година.

Австријката Тамара Типлер го изедначи најдобриот пласман во Светскиот куп, откако заврши на второто место со 15 секунди заостанување. Трета на 34 стотинки од победничката заврши италијанската скијачка Фредерика Брињоне.

Светската шампионка Микаела Шифрин (САД) и Никол Шмидхофер (Австрија) ја поделија четвртата позиција со заостанување од 44 стотинки. Со тоа Шифрин си го обезбеди малиот Кристален глобус во суперџи со 350 поени по три победи во сезоната.

Втора заврши Шмидхофер со 303 поени, а добитничката на малиот Кристален глобус во дисциплината за претходните две сезони – Тина Вајратер (Лихтенштајн) остана трета со 268 поени. Вајратер денеска не успеа да заврши откако пропушти една врата во средината на патеката.

Шифрин обезбеди трет трофеј оваа сезона, откако го обезбеди своето прво место во генералниот пласман и во дисциплината слалом. Таа исто така води во поредокот за велеслалом и може да стане првата скијачка со четири глобуси во една сезона.

Американката ја помина границата од две илјади поени и со 2.004 води во генералниот поредок, пред Петра Влхова (Словачка) со 1.235 поени и Венди Холденер (Швајцарија) со 943 поени.

Конечен пласман на трката во суперџи во Солдеу:

1. Викторија Ребензбург (Германија) – 1:23.91 минута
2. Тамара Типлер (Австрија) – 1:24.06
3. Федерика Брињоне (Италија) – 1:24.25
4. Микаела Шифрин (САД) – 1:24.35
Никол Шмидхофер (Австрија) – 1:24.35
6. Ѓасмин Флери (Швајцарија) – 1:24.43

Конечен пласман во суперџи за сезоната 2018/2019:

1. Микаела Шифрин (САД) – 350 поени
2. Никол Шмидхофер (Австрија) – 303
3. Тина Вејхертер (Лихтенштајн) – 268
4. Викторија Ребензбург (Германија) – 257
5. Ранхилд Мовинкел (Норвешка) – 247
6. Тамара Типлер (Австрија) – 183

Генерален пласман:

1. Микаела Шифрин (САД) – 2.004 поени – шампион
2. Петра Влхова (Словачка) – 1.235
3. Венди Холдер (Швајцарија) – 943
4. Никол Шмидхофер (Австрија) – 771
5. Викторија Ребензбург (Германија) – 769
6. Федерика Брињоне (Италија) – 764.вз

Таг
Back to top button
Close